Уништени до 50% од лозовите насади во овчеполско заради обилните врнежи од дожд

Уништени до 50% се и лозовите насади во овчеполско. Обилните врнежи од дожд изминатиот период, како и температурните разлики се една од главните причини поради кои оваа година производството на грозје ќе биде двојно помало. Земјоделците велат дека лозовите насади се уништуваат од болести, па во моментот не помага ниту прскањето. Дополнително, велат, вложувале во своите ниви, а сега од нив нема да произлезе ништо. Ако на сѐ ова се додаде и цената на ѓубривата и препаратите, констатираат дека исплатливост нема. Токму и затоа младите бегаат од земјоделие и егзистенција бараат надвор од границите во државата.

„Гледаш какво е времето, грозјето ни го фана болест, бадијала се прска од временските услови сигурно родот за 50% ќе се намали, по десетпати прскаат да го спасат, ама спас нема. Нема егзистеција и затоа не се сади.“ – велат граѓаните.

Најголем дел од површините во овчеполско се засеани со лозови насади од кои претходните години земјоделците живееле. Повозрасните велат тогаш имало убаво и квалитетно гризје, но и добра откупна цена. Сега цената ја прават поголемите произведувачи и токму затоа ситуацијата е тешка, па сѐ повеќе од земјоделците се откажуваат од производство на грозје, од работа со земјоделство.

Лаура Стојанова М-Нет