
За над три милиони денари уништена млада шума во Кочани. Четири лица од Кочани, двајца вработени во Шумско стопанството „Осогово“ Кочани, претходниот директор на стопанството и едно правно лице. Тие ја злоупотребиле функцијата и притоа нелегално се стекнале со имот вреден три милиони денари.
„ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Д.Т. од Кочани референт за шумски патишта во Шумско стопанство „Осогово“ Кочани поради постоење основни на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, Б.Д. од Кочани, поранешен директор на Шумско стопанство „Осогово“ Кочани поради основи на сомнение за сторено кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување и уништување деловни книги“, Н.Е. од Кочани, референт за користење на шуми и сеча за „несовесно работење во службата“ и „фалсификување и уништување деловни книги“ и против правно лице од Кочани В.Т. од Кочани за „злоупотреба на постапката за јавен повик“ „доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнесрство“ и „пустошење шума““ – кажа Панајотова.
Имено, вработените со злоупотреба на своите функции му овозможиле на правното лице да изврши пустошење на млада шума во државна сопственост во заштитено подрачје во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет