Украдени пари од црквата „Св. Кирил и Методиј“ во туристичката населба „Суви лаки“, Берово

На 23.12.2020 во Полициската станица Берово било пријавено дека во временскиот период од 16.00 часот на 22.12.2020 до 16.00 часот на 23.12.2020, од страна на непознат сторител, со употреба на физичка сила и подесен предмет, насилно било влезено во црквата „Св.Кирил и Методиј“ во туристичката населба „Суви лаки“, атар на Берово, од каде биле одземени пари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Берово. Се работи на расчистување на случајот.