Украдени бакарни цевки од модуларната ковид болница во Штип

Крадци „оперирале“ во затворената модуларна ковид болница во Штип. Пред неколку дена, биле украдени бакарни цевки од болницата која подолг временски период стои затворена. Од болницата информацијата ја потрвдија. Портпаролот, Марина Шуманска во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека станува збор за украдени цевки на гас станицата, 20 до 30 метри.

Од полицијата додаваат дека случајот во полициска станица бил пријавен на 25 ноември, од вработено лице во болницата, а се крадело на 24 ноември ноќта. Увид на место на настанот извршиле полициски службеници од полициската станица Штип, и се работи на расчистување на случајот.

Модуларната ковид болница во Штип е затворена подолг временски период, откако се намали бројот на ковид пациенти и истите беа хоспитализирани на Инфективното одделение.

Лаура Стојанова М-Нет