
Нова реконструирана водоводна мреѓа ќе добие улицата „Јосиф Ковачев“ во Штип. Започнаа градежните активности за промена на страта и дотраена мрежа кој преставувала проблем за граѓаните во годините нанзад. Откако деновиве ќе се заврши со замена на мрежата, ќе се пристапи кон асфалтирање на истата.
„По барање на жителите и граѓаните од улица Јосиф Ковачев одлучивме да направиме целосна реконструкција на оваа улица која се наоѓа во централното градско подрачје. Најпрво ќе извршиме промена на водоводната мрежа во вкупен износ од половина милион денари, а по завршување на приклучоците и завршување на водоводната линија, веднаш ќе се изврши асфалтирање.“ – кажа Јорданов.

Замената на водоводната мрежа е во должина од 180 метри, а станува збор за над 20 приклучоци.
„Деновиве започнавме со реконструкција на водоводната мрежа на улица Јосиф Ковачев во должина од 180 метри, над 20 приклучоци, инвестицијата е половина милион денари средства обезбедени со програмата за градежно уредување на Општина Штип“ – додаде Здравков.
Активностите на терен продолжуваат и во преиодот кој следи се додека дозволуваат временските услови. Ќе се работи на вододвод, канализација и асфалтирање на улици.
Лаура Стојанова М-Нет