
Денеска се одиграа натпреварите од Третата фудбалска лига Исток. Дербито на колото се одигра во Делчево, каде Брегалница и Хоризонт Турново одиграа нерешено 2:2.
Интересно беше и во Пирава, каде Ударник кој го направи најголемото изненадување со победата против Овче Поле во Свети Николе, ја продолжи победничката серија против Рудар од Пробиштип со резултат 3:0, головите ги постигнаа Јован Крстев, Трајче Божинов и Иле Баламов .
Најголемото изненадување за ова коло го направи Светлост Зрновци кои го освоија првиот бод, и тоа против Овче Поле одиграа 1:1 кој во последните три кола ги доведе во прашање амбициите за борба за првото место.
Карбинци на домашен терен го победи Малеш од Берово со 2:1.
Натпреварот помеѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро, кој требаше да се одигра денес во 14 часот, е одложен. Причината за одложувањето е на страна на гостинскиот тим. Натпреварот ќе биде одигран во друг термин.
Слободна во ова коло е екипата на Тиверија.