
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Ј.(47) од Виница, како и против правно лице од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.12.2021 во 22.50 часот, од полициски службеници од ОВР Виница било констатирано дека правното лице работи со повеќе од 50% исполнетост на капацитетот од објектот, спротивно на донесените мерки и протоколи за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест Ковид–19.