
Долку турските студенти кои се на студии во Штип имаат потреба да заминат во Република Турција, да го сторат тоа. Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип ги охрабрува студентите ако чувствуваат потреба во овој момент дека треба да бидат со нивните најблиски да заминат, бидејќи ова се моменти кога треба да се биде со семејствата велат во писмено соопштени од штипскиот универзитет. Од таму овозможуваат продолжување на сесија или вонредна сесија за овие студенти кои би заминале во родната Турција.
„ Ги информираме сите наши студенти кои доаѓаат од области во Р. Турција, кои беа погодени со катастрофалниот земјотрес, кои имаат пријавено испити во тековната февруарска испитна сесија, а сеуште ги немаат реализирано испитите, дека Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе овозможи услови за продолжување на сесијата или организирање на дополнителна вонредна сесија, доколку за тоа се јави потреба. За реализација на оваа активност потребно е студентите кои ќе заминат во Р. Турција, да пополнат пријава , се вели во соопштението на УГД-Штип.
На факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ студираат околу 1.200 странски студенти, од кои поголемиот дел се од Турција.
Лаура Стојанова М-Нет