
На 22.09.2020 во 23.10 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Свети Николе, полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го лишиле од слобода З.Т.(52) од Свети Николе бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и го попречувал движењето на возилата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.