Туристи има услови за скијање нема на туристичката атракција „Пониква“

Урбаниот простор, кој нуди повеќенаменски места како терени за спорт и рекреација, хотели, одморалишта, угостителски објект и услуги за скијачка опрема. Пониква е единствен скијачки центар во Источниот дел на Македонија. Се наоѓа на 1580 метри надморска височина. Поволна клима, секогаш е полно со туристичка атракција за љубителите на спортско- реактивниот центар. Освен, возрасните, љубители на снежната идила се и најмалите. Викендот кој измина како и врнежите од снег овозможија голем број на љубители на зимската идила своето време да го поминат токму овде. Бројот на посетители беше голем, а туристи имаше како од Источниот дел така и од цела држава. Но не изостанаа и поплаките од туристите кои заради одредени недостатоци не можеа во целост да му се посветат на уживањето. Жичарите на скијачките патеки не функционираа. Температурите беа навистина ниски, но снежната покривка не беше доволно голема. Можност за вештачки снег има, ама истиот не се најде по патеките, со што и уживањето и скијањето беше сведено во рамките на тоа колку навистина снег има. Покрај објавата на градоначалникот на Општина Кочани, Илијев пред одредено време дека жичарите конечно ќе бидат пуштени во употреба истото не се реализира.

Градоначалникот на Општина Кочани, Илијев со одговор дека колку што дозволувале можностите, вештачки снег имало пуштено како и декан скијањето вчера било бесплатно. За работа на ски лифтовите потребно е поголема снежна покривка.

Локалната самоуправа на Општина Кочани очајнички работи да се промени ликот на „Пониква“ и конечно да биде туристичко место какво што заслужува. По 40 години за прв пат се реконструирани ски – лифтовите, но природата не оди на нивна страна, па слабите врнежи од снег како и повисоките температури кои беа забележителни до пред неколку дена си го сторија своето. Овде се и ограничувањата од страна на Владата за работното време на угостителите до 18 часот што дополнително го попречува развојот на оваа зимска туристичка сезона. Единствено патниот правец Кочани – „Пониква“ беше целосно оспособен за сообраќај информираа од подружницата Македонија пат, со што патувањето се одвиваше без прекини.

Лаура Стојанова М-Нет