Троцифрен број новозаразени пациенти на ковид 19, регистрирани се три починати лица

По подолг временски период во изминатите 24 часа регистран троцифрен број на новозаразени лица од Ковид 19. Од направени 5.276 тестирања нови позитивни се 164 лица на корона вирусот, најмногу во Тетово, Скопје и Гостивар. Во Општините од Истокот регистрирани се по четири нови случаи во Штип и Кочани, во Берово два во Пехчево еден.

Со ова во Истокот активни се 24 случаи на ковид 19, 9 во Кочани, 6 во Штип, 5 во Берово, 3 во Пехчево и еден во Делчево. Во Виница, Пробиштип и Македонска Каменица нема активни ковид случаи.

Регистрирани се и тројца починати пациенти на 68 и 86 годишна возраст од Гостивар и едно лице од Скопје на 82 години. 18 пациенти се оздравени.

Според информации од Министерството за здравство досега се направени вкупно 994,490 тестирања на Ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти од почетокот на епидемијата изнесува 156.707, оздравени се 150.440, починати 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Во меѓувреме и вакцинацијата се одвива епречено на сите пунктови во државата. Досега се аплицирани вкупно  920.442 дози вакцини а ревакцинирани се 401.336 граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет