Три општини во Истокот со троцифрена бројка активни ковид случаи, слободни места се помалку

Секојдневно расте бројот на новозаразени и хоспитализирани ковид пациенти како на ниво на државата така и во општините од Истокот. Во штипската болница во последното деноноќие се регистрирани плус шест новопримени ковид пацинети, со што вкупната бројка на хоспитализирани се искачи на 64 од кои 56 се на Инфективното одделение и девет на Кожното, а седум лица се на дневна амбуланта. Испишани се само двајца пациенти. Поголем дел од хоспиталиизраните имаат потреба од кислородна поддршка, односно 46 пациенти се приклучени на апарати за дишење, а 18 блица се вакцинирани. Моментално се слободни само пет кревети за ковид пациентите од кои четири на Инфективното одделение и едно на Кожното. За разлика од претходните денови во последните 24 часа нема регистрирано починати лица во штипската болница, информираше портпаролот на болницата, Марина Шуманска.

Во кочанската болница бројот на хоспитализирани пациенти е 17 идентично како и вчера, со тоа што новопримени се три лица, исто толку и испишани. Вкацинирани се осум од хоспитализираните пациенти, додека тројца се приклучени на кислородна поддршка. Нема починати лица и слободни се 10 кревети на Интерното одделение кое работи како ковид оддел, информираат од болницата.

Бројот на активни ковид случаи во општините од Истокот надмина 800, а и Општина Делчево се приклучи во општините во кои бројката на активни ковид случаи е троцифрена. Штип со активни 261 случај се најде на седмото место во државата, но на првото во Општините од Истокот. Веднаш зад него е Општина Кочани со 232 и Делчево со 106. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена освен во Пехчево каде има само три ковид случаи.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.

Лаура Стојанова М-Нет