
Со околу 2.500 тони слива се очекува род од реколтата 2024 година од трите општини Делчево, Берово и Пехчево, истака министерот на земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од средбата со земјоделците во Делчево. Тој истакна дека, родот е полош од минатата година, поради лошите временски услови, а овогодишната слика се очекува да биде наменета за индустријата.
„Она што јас им го пренесов на земјоделците е дека како Министерство веќе сме во сериозни преговори за еден откупувач од соседна Србија, кој што ќе откупи голема количина на слива од овој регион“, порача Трипуновски.
Она што истакна министерот на оваа средба е дека земјоделците нема да бидат оставени сами на себе, туку напротив како Влада ќе инвестираат дополнително мерки за да ја компезираат загубата од претрпените штети, а откупот на цената на сливата годинава ќе изнесува разлика со 15 денари од претходниот откуп, се со цел земјоделците бидат задоволни. Заклучно на оваа средба министерот покрај цената, истакна дека тие како Министерство ќе имаат конкретни програми и мерки кои што ќе значат долгорочно решавање на проблемот со пласманот на сливат, а од друга страна и зголемен износ во делот на преработката.
Лаура Стојанова, М-Нет