Трибините на „Железарница“ во Скопје ќе бидат со лица со сезонски билети, а без присуство на гостински навивачи

На адреса на ФК „Брегалница“ од Штип пристигна официјално известување од фК „Скоппје“ кој се однесува за натпреварот од второто коло на Првата Македонска фудбалска лига за кое Извршниот Директор Емил Тодев изјави:

  • „Добивме официјално известување од ФК Скопје дека, поради ковид-ситуацијата  и актуелните протоколи, нема да има продажба на билети за неделниот натпревар со Брегалница. Од ФК Скопје не информираа дека на натпреварот ќе присуствуваат единствено домашни навивачи со сезонски билети. Токму поради тоа, како клуб ФК Брегалница упатува апел до нашите навивачи и симпатизери кои претходно планирале самоиницијативно да патуваат во Скопје и дадат поддршка на нашиот клуб да не се изложуваат на непотребни трошоци затоа што влез на стадионот, за жал, нема да биде дозволен“ – вели извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев“.

Натпреварот Скопје – Брегалница ќе се одигра во недела 15 август со почеток во 17.00 часот а ќе го суди Александар Ставрев.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk