Трета промена во училиштата, нов директор и на ООУ „Славејко Арсов“

Продолжува смената на директорите на училиштата во Штип. По две средни, „Славејко Арсов“ е првото основно училиште кое доби нов в.д. директор. Ристо Троковски е прв човек на ова штипско училиште од 20 јануари годинава. Според информациите од Кабинетот на градоначалникот, претходниот директор, Павле Мицев, сам си дал оставка, па согласно со Законот за образование градоначалникот назначил нов директор во рок од три дена.

Павле Мицев беше директор на „Славејко Арсов“ со решение од 13 јуни 2018 година, а беше избран по претходен предлог од Управниот одбор со мандат од четири години. Ристо Троковски, пак, е внатрешно решение и долгогодишен професор по Англиски јазик во училиштето.

Информацијата од Кабинетот на градоначалникот ја потврдија во писмена форма, а градоначалникот не даде изјава, бидејќи како што рече, тоа било редовна постапка.

Ребека Спасова М-Нет