
Трета година по ред традиционалната Бадникова поворка се организираше и во Општина Карбинци. Над сто дечиња беа дел од поворката која се движеше по улиците во Карбинци и пеејќи ја песната Вечниот Бог го најавија христовото раѓање. Општината подготви и подели 150 пакетчиња на сите дечиња, учесници во самата поворка.
„Хростос се роди, навистина се роди. Денес го најавуваме христовото раѓање. Во Општина Карбинци традиционално по трети пат се организира оваа бадникова поворка. “ – вели Паунов.
Бадникова поворка годинава се организираше во 80 градови и населени места во цела држава.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет