
Ракометниот клуб Текстилец УГД од Штип се одлучи да направи тренерска промена пред стартот на зимските подготовки, а за пролетниот дел од сезоната во Првата лига.
РК Текстилец УГД се раздели со Мики Атанасов, а на негово место доаѓа Бобан Попов, кој во минатото имаше одлична домашна и интернационална кариера како ракометар, а штипјанецот успешно ја водеше и пионерската екипа на РК Текстилец УГД.
Ракометарите на Текстилец УГД оваа сезона ќе настапуваат во плеј-аут сегментот од Првата лига, а според информациите на М Нет телевизија клубот ќе го врати голманот Роберт Миланов, кој есенскиот дел од сезоната го помина во суперлигашот Радовиш.
Исто така, како што дознаваме, клубот за следната сезона ќе се обиде да изгради тим со кој ќе се обиде да фати место во плеј-оф сегментот на Првата лига, каде екипите разигруваат за влез во Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет