Торино го сака Енис Барди во своите редови!

Италијански Торино одновно пројавува интерес за капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди. Калчолигашот и лани се обидуваше да го договори Барди, но македонскиот интернационалец се одлучи да остане во турски Трабзонспор.

Сега италијанските „бикови“ ќе направат нов обид да го доведат Барди во своите редови за новата сезона од Серија А.

Барди одигра одлична сезона во дресот на Трабзонспор каде на 42 натпревари постигна седум погодоци, а притоа забележа и шест асистенции, а тоа уште повеќе го зголемува интересот на Торино за нов обид да се ангажира македонскиот интернационалец.

Барди има уште една година од договорот со турскиот клуб, а па можеби ова ќе биде и шанса да турскиот тим заработи од продажбата на Барди во Торино, со оглед дека следната сезона може да си замине како слободен играч.

Александар Ванев, М-Нет