
Штипјанецот Стефан Ѓоргиев кој стана Светски шампион во Бодибилдинг како негово најголемо достигнување вели дека овој спорт е доста скап, во изјавата за телевизија М Нет рече дека бодибилдингот како спорт бара посветеност и дисцилипна.
Како што претходно објави телевизија М Нет, штипјанецот го освои златото на Светското првенство кое се одржуваше во Шпанија во категорија до 23 години.
Ѓоргиев со учеството на Светското првенство ги заврши натпреварите за оваа година, а како што вели за телевизија М Нет изминатиот месец има многу тешки натпревари.
Младиот штипјанец бележи огромни успеси како бодибилдер на светско ниво, каде гордо го вее македонското знаме.
Александар Ванев, М-Нет