Тина Русева во големото финале на „The Voice of Europe 2025“ – започнува 24-часовно јавно гласање

Македонската пејачка Тина Русева обезбеди пласман во ТОП 6 и големото финале на престижниот европски музички избор The Voice of Europe, со што направи еден од најзначајните чекори во својата досегашна кариера.

Големото финале ќе се одлучува исклучиво со поддршка од публиката, а гласањето ќе се одвива онлајн преку Instagram, на официјалниот профил на „The Voice of Europe“. Гласот се дава со лајк (срце) на финалното видео кое ќе биде објавено на нивниот профил.

Кога и како се гласа?

Почеток на гласање: петок, 16 јануари, во 18:00 часот
Крај на гласање: сабота, 17 јануари, во 18:00 часот
Траење: 24 часа
Платформа: Instagram – официјален профил на „The Voice of Europe“

Објава на резултатите

Резултатите од финалето ќе бидат објавувани во сабота навечер, по следниот распоред:
20:00 часот – 6. место
20:30 часот – 5. место
21:00 часот – 4. место
22:00 часот – 3. место
22:30 часот – прво и второ место

Патот до европското финале

Тина Русева на пошироката европска јавност ѝ стана позната преку своето учество во The Voice of Germany, каде што со својот вокал и сценски настап привлече внимание и доби значајна поддршка. Успехот на германската сцена ѝ ги отвори вратите кон „The Voice of Europe“, каде што сега се најде меѓу шесте најдобри гласови на континентот.

Повик до јавноста

Финалето на „The Voice of Europe 2025“ претставува голема можност за македонската музичка сцена, а поддршката од публиката е клучна. Секој лајк може да биде одлучувачки во трката за највисок пласман и европска титула.

Гласањето започна денеска во 18:00 часот, а исходот ќе биде познат во сабота навечер.

https://www.instagram.com/reel/DTlEdv_DaRI/?igsh=Z2g2ZjhzZ3plZnd3