
Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски најави дека од утре, 16 март, поради состојбата со Корона вирусот локалната власт формира мобилни тимови од волонтери и лица вработени во #ОпштинаШтип за помош на сите стари, изнемоштени лица, лица со попреченост, лица кои поради различни причини имаат потешкотии со движењето или спаѓаат во категоријата на лица во ризик со цел да им се олесни секојдневното функционирање на оваа категорија граѓани и да не се изложуваат на дополнителна опасност.
Помошта на мобилните тимови ќе се состои од 👇👇👇
➡️ Помош за набавка на намирници,
➡️ Подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето,
➡️ Плаќање на сметки
Оваа активност започнува од утре и сите граѓани можат да се обратат на следните телефонски броеви 👇👇👇
📲078472621 и
📞032226623 од 7:30 до 15:30 часот.
Апелирам до граѓаните да продолжат да ги следат насоките од надлежните институции со цел поголема заштита на самите себе и на останатите граѓани, апелира штипскиот градоначалник.