
Брегалница впиша пораз на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, откако домашниот тим преку пресврт со 2:1 славеше над “сините” од Штип.
Брегалница со евроголот на Соломон Кинг Канформ во 7. минута дојде до водство од 0:1. До крајот на првиот дел домашниот тим дојде до 1:1 со голот на Менезес Бандеира Нето Роберто.
Во вториот дел следуваше и комлетен пресврт од 2:1 за водство на Тиквеш, но и за победа со голот на Христијан Малески.
Гостивар и Вардар ремизираа играјќи 0:0, со што “вардарци” на своето конто додаваат голем бод во борбата за опстанок во елитата.
Реми без погодоци (0:0) имаше и во Тетово каде Шкендија и Воска Спорт ги поделија бодовите. За охриѓани ова е голем бод во борбата за опстанок.
Силекс забележа минимална победа од 1:0 над последнопласираната Македонија ЃП, а победничкиот гол во Кратово го постигна Дарко Анѓелески.
Шампионот Струга Трим Лум забележа голема победа од 3:1 над Брера Струмица и останува на врвот од табелата. Искусните Бесарт Ибраими и Марјам Радески беа стрелци, а пак Агрон Руфати си постигна автогол. За струмичани единствен стрелец беше Ѓорѓе Ивковиќ.
Шкупи ја доби скопската пресметка со Работнички, откако на Градското дерби паднаа пет гола за конечни 3:2.
Рватубјае беше двоен стрелец за Шкупи, а еден гол постигна Гронер. За Работнички стрелци беа Адем и Гандо.
Александар Ванев, М-Нет