
Тиверија Брера ја декласираше Каменица Саса во дербито на колото, кое немаше ниту „Д“ од дерби со 0:3. Гоја беше двоен стрелец, а третиот гол беше дело на Копли со што струмичанки носат дома три бода.
Во 37. минута Павлинка Николовска доби црвен картон и беше исклучена од игра, но тоа не го искористи Саса.
Истатов преку Катерина Петкова дојде до победа од 1:0 над Атлетико од Битола.
Љуботен со убедливи 5:2 го декласираше Ас Јунајтед од Струга, во меч каде голгетерката Улза Максути постигна два брзи гола за 0:2, а потоа домашниот тим преку Мустафа, Валбуена и Јовановска сврте на 3:2 на полувреме. Во вторито дел Накова и Видал дојде до конечните 5:2.
Топ Гол дома загуби од Скопје со резултат од 1:2 откако гостинот преку Крстева и Дервиши имаше 0:2 на полувреме, а во вториот дел Илиевска постигна гол за конечни 1:2.
Во оваа коло слободна беше екипата на Речица.
Александар Ванев, М-Нет