Тешко повреден 35-годишен работник во Свети Николе

На 16.01.2026 во 10:05 часот во ОВР Свети Николе од Јавна здравствена установа Свети Николе е пријавено дека кај нив бил донесен Ф. С. (35) од Скопје, вработен во приватна фирма, кој според пријавеното, околу 09:30 часот се здобил со тешка телесна повреда, додека извршувал работни задачи- поправки во Одделението за катастар на недвижности Свети Николе во објектот на Општина Свети Николе. За настанот е известен трудов инспектор.