
Второлигашот Тетекс во неделата одигра реми без голови против Каменица Саса (0:0), натпревар кој гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност во ЖИВО преку директен пренос да го проследат натпреварот.
По завршувањето на мечот, Тетекс излезе со соопштение преку кое повторно имаат забелешка на арбитражата и најавија дека против еден од судиите на овој натпревар ќе биде поднесена кривична пријава.
„Штофарите“ се борат за опстанок во Втора лига, а откако беше оштетен во дуелот со Караорман, доби извинување од Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, а веќе во следното коло следуваше грешка на судијата поради која бодовите беа поделени.
- ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК ТЕТЕКС:
„И повторно после едно коло ФК Тетекс е оштетен од судиите, поточно од помошникот Филип Николов и повторно донесена погрешна одлука и изгубени бодови и не бараме алиби како што федерација изјави, бараме на секој натпревар до крај фер и поштено судење без големи грешки, но очигледно многу бараме!
Голот кој беше признат на ФК Караорман ни одзема 1 бод, вчерашниот поништен гол ни одзема 2 бода, епа не е тешка математиката да имавме поштено судење сега ќе бевме на сигурна позиција на табелата.
И за крај сакаме да се обратиме со прашање до ониее кој учестуваваа во делегирање судии:
1.Како на натпревар со голем влог за две екипи вие делегирате помошен судија на кој овој натпревар му е втор во 2 мфл а останатите се во трета лига и младински лиги?!
На сликата јасно се гледа дека фудбалерот на ФК Саса со број 5 е последен фудбалер во одбраната а фудбалерот на ФК Тетекс со број 7 кој го постигнува голот е пред последниот фудбалер на ФК Саса.
Овој пат НЕ прифаќаме извинување! Овој пат ќе поднесеме кривична пријава против помошникот судија Филип Николов за обештетување на последнича штета!
Еднаш за секогаш мора да дојде крајот за вакви судиски одлуки, со кои се одлучува судбината на некој клуб!“, се вели во соопштението на ФК Тетекс.