
Со враќање на некогашниот сјај на теренот на „градски“ во Штип. одличната соработка на раководството на Брегалница со ФФМ вроди со плод што се виде и на натпреварот Брегалница – Кожув. се врати она препознатливо зеленило, мекост и квалитетен терен кој го посакуваат сите актери на теренот. Раководството на Брегалница ги обезбеди неопходните материјали потребни за неопходната реконструкција на теренот а ФФМ помогна со неопходната за вакви потреби механизација која мошне успешно даде одлични резултати. Соработката на овдешните екипи со ФФМ продолжува и понатаму, веќе е извршена т.н. инспекција на теренот во Карбинци по што градоначалникот Јордан Насев вети обезбедување на неопходниот материјал а ФФМ ќе ја обезбеди специјалната механизација за реконструкција и на теренот во Карбинци. Слично како и со „градски“ во Штип и теренот во Карбинци беше со овената и пожолтена трева и сите препораки велат дека за две до три недели санација и теренот во Карбинци ќе добие нов сјај.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk