
Во година на стогодишниот јубилеј градскиот стадион во Штип конечно ќе добие ново свечено руво со изградба на западната и на источната трибина. Градежните работи на западната трибина веќе започнаа, се гледаат почетните контури кои се одвиваат под контрола на Фудбалската Федерација на Македонија како дел од проектот и соработката со УЕФА. Источната трибина ќе биде обврска на локалната самоуправа со што градскиот стадион комлетно ќе добие сосема нов лик. Нашите информации велат дека се подготвени неопходните проектни документи и веќе локалните структури се во потрага по инвеститори за изградба на источната трибина. Локацијата на источната трибината овозможува пристап и можност за деловна дејност што ќе преставува предизвик за локалните па и подалечни бизнисмени да учествуваат како инвеститори во новата трибина. Со ова би се забрзале активностите за новото свечено руво на „градски“ со што штипјани ќе можат да присуствуваат на квалитетни натпревари од меѓународен карактер како и на средби на македонските национални селекции. Уште од порано најавивме дека раководството на ФФМ со свои средства ќе помогне во изградбата на неопходните додатни трибини со што би дошло до спојување на источната и западната трибина.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk