
Вчера напладне во Полициската станица Кочани било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во село Тркање, кочанско, со физичка пресметка помеѓу В.А.(60) и С.Р.(58), двете од истото село. По документирање на случајот против В.А. и С.Р. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Штип.