
На 05.01.2022 во 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода И.Т.(25) и Д.А.(28), двајцата од Кочани, затоа што во 19.45 часот во трговски центар во Кочани физички го нападнале Х.А.(27) од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.