Текстилец во Штип го пречекува Партизан, Овче Поле ќе има тешко гостување кај Металург РА

Викендот во рамки на 6. коло од Првата ракометна лига во групата А екипата на Металург РА на домашен терен ќе се соочи против Овче Поле од Свети Николе во меч каде тимот од Автокоманда ќе бидат фаворит за нов триумф кој би бил четврти ако се оправда фаворитската улога.

Јехона на домашен терен ќе игра против Аеродром во меч каде домаќинот ќе биде фаворит за двата бодови. Во Струмица ќе се соочат екипите на Асраион и Еурофарм Пелистер 2, во натпревар каде битолчани кои лани испаднаа од Суперлигата ќе бидат големи фаворити за пет од пет.

Што се однесува пак до групата Б екипата на Текстилец во Штип ќе го пречека Партизан од Гевгелија, во меч каде штипјани ќе атакуваат на второ сезонско славје, а пак Партизан ќе бара први бодови и прва радост во Штип.

Преспа Вардар на домашен терен ќе се соочи против Шампион во меч кој ќе се одигра во Ресен домаќинот ќе ја бара првата победа, но и првите бодови, а пак Шампион сака триумф со цел да обезбеди место во плеј-офот.

Неизвесно ќе биде во Неготино каде ланскиот суперлигаш Вардар Неготино ќе игра против Македонија ЃП. Највозбудливо и дерби на колото ќе биде овој меч. Македонија ЃП игра одличен ракомет оваа сезона, промовира млади играчи и во моментот со четири победи и едно реми е на врвот од табелата со девет бодови на своето конто, а пак Вардар од Неготино ќе се обиде да дојде до трето славје со цел да фати место за плеј-оф.

Александар Ванев, М-Нет