
Во изминатото првенствено коло обете штипски екипи постигнаа вредни победи и тоа играјќи на гости. Машката екипа на Штип УГД во Дебар ја победи екипата на Дибра Волеј со резултат 3:0 во сетови.
Женската екипа на УГД Студент побдеди со резултат 3:0 во Струмица во меч со екипата на Виктори Волеј.
Младинскиот машки турнир се одржа во Штип со половичен успех на штипските младинци кои ја победија екипата на Шкендија со резултат 2:1 а со 2:1 загубија од Јанта Волеј.
Во Пробиштип младинките на УДГ Студент ја победија екипата на Куманово со 2:0 а загубија од домашниот тим на Весна со резултат 2:0.
Веќе утре,среда продолжуваат Супер лигашките пресметки. Женската екипа од 15.00 ч. во спортската сала Јордан Мијалков ќе се сретне со Ускана а машката екипа на Штип УГД ќе гостува на Лирија во Тетово.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk