
Последното осмо коло од плеј-офот на Првата кошаркарска лига ги реши сите дилеми – Струмица ќе го напаѓа влезот во Супер лигата од првата позиција, бидејќи има подобар меѓусебен дуел со Соколи, штипјани ќе стартуваат од втората позиција, а во доигрувањето за влез во елитата влегуваат Борец Баскет и Бутел.
Ваквиот расплет ги формираше полуфиналните двојки. Струмица ќе игра против против четвртопласираниот Борец Баскет, а пак Соколи против третопласираниот Бутел.
Во рамки на последното коло Струмица со 50:80 славеше над Охрид, а победата беше сосема очекувана, додека пак Соколи со 76:98 го доби убедливо Вардар во гости.
Мега Баскет со 88:74 славеше над Борец Баскет, а пак Водно Санс на домашен терен беше декласиран од Бутел со 78:100.
Струмица и Соколи се фаворити за обезбедување на финале, а победникот од финалната серија ќе биде нов член на Супер лигата за следната сезона.
Александар Ванев, М-Нет