Струга ТЛ позајми четворица фудбалери во Пелистер, Кожуф и Шкендија Арачиново

фото: ФК Струга

Фудбалскиот клуб ФК Струга Трим Лум преку официјално соопштение информираше дека во текот на зимскиот преоден рок позајми четворица фудбалери во други македонски клубови, со цел тие да добијат поголема минутажа и континуиран натпреварувачки развој.

Според објавата на клубот, Јусуф Каба и Хадис Таири ќе настапуваат како позајмени играчи во редовите на ФК Шкендија Арачиново.

Фудбалерот Веби Ислами ќе ја продолжи сезоната во ФК Кожуф, додека искусниот дефанзивец Кире Ристевски е позајмен во ФК Пелистер до крајот на сезоната.

Од таборот на Струга ТЛ истакнуваат дека овие позајмици се дел од клупската стратегија за правилен развој на играчите и нивна подготовка за поголеми предизвици, по што дел од нив повторно ќе се стават на располагање на првиот тим.

Струга Трим Лум во меѓувреме продолжува со подготовките и настапите во пролетниот дел од сезоната, а во наредниот период не се исклучуваат и дополнителни кадровски промени.