
Првото прволигашко езерско дерби заврши со триумф за Струга Трим Лум, која со голот на Радески во 86. минута ја совлада Воска Спорт на “Билјанини Извори” во Охрид.
Стружани во заостанатиот меч ги собраа трите бодови и се пробија на втората позиција со 15 бодови, бод помалку од лидерот Шкендија, но и два натпревари малку за шампионот.
Воска Спорт останува на десеттото место со 7 бодови.