
Стрес, нервоза и грижа кај граѓаните пред новото покачување на струјата. Во Штип, граѓаните велат, од јануари остануваат без решение. До сега барем се тешеа со евтината тарифа, да перат и готват ноќе, но и тоа, според нив, повеќе нема да помагне. Струја или дрва разлика нема, цените се високи, сметките двојно зголемени, а трошоците за живот, како што велат, тројно повисоки. Загрижени се како ќе ја започнат новата година.Наместо новогодишна радост, граѓаните велат дека добиле ценовен шок, поради кој празниците ќе ги дочекаат со грижа, а не со славење.
Оние што се уште штедат, а ги има малку, велат дека се надеваат од следната година да добијат пониски сметки. Во спротивно, и тие ќе престанат да перат и готват преку ноќ.
Најголем дел од анкетираните велат дека се греат на струја, што значи дека веќе очекуваат повисоки сметки. За некои единствен спас се дрвата, додека за помалку моќните послабо затоплување.
Иван Митев, М-Нет