
Утре со натпреварот меѓу шампионот Проект и Јувентус Серава стартува новата сезона во Првата футсал лига на Македонија. Сезона во која тимот од Јосифово ќе ја брани двојната круна која ја освои минатата сезона без ниту еден пораз.
Мечот се игра во Валандово со почеток од 19 часот.
Во недела ќе се одигра еден меч. Кеги Моби на домашен терен ќе ира против Осогово од Крива Паланка. За понеделник се предвидени два натпревари. Бутел ќе игра против повратникот Железарец, дерби ќе се игра во Куманово меѓу поранешните шампиони Форца и Шкупи.
Колото се затвара во вторник со натпреварот меѓу Клими и повратникот СЕЕ Университи.
Како и во минатата сезона, така и во сезона 2026/2027 шампионот обезбедува излез во Европа односно игра квалификации за Лига на шампиони, последните две екипи испаѓаат директно во Втората футсал лига.
Александар Ванев, М-Нет