
Ставен во функција уште еден објект во домот за стари лица ,,Д-р Иван Влашки“ во општина Берово. Со 28 легла за нови корисници, новиот објект ќе овозможи дополнителна можност за да се сместат повеќе лица. Швајцарската амбасадорка Вероник Хулман, вели дека проектот беше реализиран во неколку фази, па заклучно од 2020 година до сега се ставени во функција 38 нови места во самиот дом.
“Многу ми е драго што по втор пат сум денеска овде во Домот во кој благодарение на партнерството со Министерството за локална самоуправа, градоначалниците од регионот и Центарот за развој на Источниот плански регион, сите заедно го продолжуваме проектот чија прва фаза беше реализирана во 2020 година, кога обезбедивме услови за сместување на 10 лица, а сега заедно со оваа фаза придонесовме вкупно за 38 нови места“, истакна амбасадорката Улман, која се надева дека соработката ќе продолжи и во иднина, со оглед на потребата од ваков тип на објекти во регионот.”, вели Хулман
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, истакна дека ваквиот проект се покажува грижата за сите категории на граѓани, а во иднина ќе има и други вакви модернизации на ваквите објекти.
Старите лица се оние кои што ни овозможија да бидеме она што сме ние сега и затоа општеството треба да разебере дека тие треба да добијат гружа и достоиствена старост, додава Звонко Пекески, градоначалникот на општината.
“Денеска сме во Берово за да ставиме во функција уште еден објект, кој ќе биде во корист на грагните на малешевијата и источниот регион. Oбезбедени се 28 легла за нови корисници. Старите лица се оние кои што ни овозможиле да бидеме она што ние сме сега и затоа општеството треба да разбере дека тие треба да добијат гружа и достоинствена старост.“, истакна Пекевски
Инаку, со ваквиот проект ќе се овозможи дополнителен простор за повеќе сместувања на возрасни граѓани за истокот, но и државата.
Лаура Стојанова, М-Нет