„Среќен сум дури и без себе“ е триологија на уметникот Горан Таневски, која ќе биде промовирана и во Штип

Среќен сум, дури и без себе е триологијата на познатиот рок пејачот, композитор и текстописец Горан Таневсаки која на 21 декември ќе биде промовирана во Штип. Станува збор за три албуми во кои Таневски раскажува за својот живот на еден поинаков начин. Како што вели за М-Нет телевизија овде ќе биде промовиран првиот албум наречен како вознес во кој тој ја опишува бунтовната младост.

“Eве ги правиме последните подготвоки за промоцијата на првиот албум од трилогијата. Првиот албум е под име Асент или вознес на македонски. Така да во овој објект Попај, кафе попај договораме и подготвуваме она што ќе се случи на 21 декември. Ова е прв албум од трилогијата што е веќе подготвена, но публиката ќе може од година во година да се среќава со изданијата, а трилогијата е насловена како Среќен сум дури и без себе со што раскажувам за својот живот, на еден попинаков начин.“, вели Таневски

Таневски топло ги покани сите заинтересирани кои што се вљубеници во музиката да повелат на промоцијата и заедно да ги испеат неговите хитови.

“Првиот албум е младоста, затоа е вознесот каде што чувствуваме дека светот е наш, но на еден поинаков начин со интуизцијата срце. Вториот албум е мор што раскажува за средните години, тоа се годините после 33 година каде човекот станува свесно битие.Да се дружиме со оние луѓе што размислуваат и се надевам дека ќе уживаме.”, додава Таневски

Инаку, Таневски е музичар и сестран уметник. Композитор, пејач, текстописец кој остави печат врз македонската музичка сцена врз својата плодна кариера, а е еден од имињата со кои се поврзува алтернативниот рок на македонската музичка сцена.

Лаура Стојанова, М-Нет