Среќен крај на уште една хуманитарна мисија на Александар од Штип, завршена куќата во Велес, најавена нова акција во село Амзабегово

Најголем дел од работата во Велес е завршена. Среќен крај добива уште една хуманитарна мисија на Александар Ѓорѓоевски од Штип, кој несебично со својот тим и својата хуманитарна организација зад себе остава насменвки на многу лица. Петчленото семејство Димовски од Велес добија комплетно нова куќа, остануваат уште ситници кои треба да бидат завршени во најкраток рок. Ѓорѓиевски упати благодарност до сите оние кои се вклучени во мисијата и кои помогнаа за само еден месец работата на терен да биде готова.

Во Велес веќе 90% од работата е завршена. На повик од мој личен пријател Трајче Мешков кој е сопственик на гостилница Боем, фамилијата ми беше посочена дека живее во тешки услови и веднаш се ставив на располагање.“ – вели Ѓорѓиевски.

И додека една мисија завршува другата веќе е испланирана. Во светиниколско Амзабегово е нарадената хуманитарна акција, кај човекот кој помагаше во сите досегашни. Дејан е мајстор кој хуманитарно работеше и беше дел од сите акции, а неговата ситуација е трипати потешка вели Ѓоргиевски. Во една куќа живеат 11 деца, па неопходна е помош и реновирање на куќата. На добрината да се врати со дупла добина, вели Александар најавувајќи ја новата акција во светиниколско.

„Момчето е од село Амзабегово, Дејан, мајстор, човек кој е во трипати полоша ситуација од овие луѓе на кои и помагаме и на сите претходни, човек кој живее и многу полошо од овие луѓе. Секој ден се ставаше на располагање овде во оваа хуманитарна акција, и следна моја хуманитарна акција ќе биде токму неговиот дом. Тој човек има три деца, неговиот брат има осум деца, живеат 11 деца во една куќа, живеат во многу потешки услови од сите овие луѓе на кои помагаме“ – додава Ѓорѓиевски.

За само еден месец, Александар се вклучи во две хуманитарни мисии. Во кратовско работите беа завршени повеќе од 70% пред да се прекине работата, а во Велес семејството Димовски добија сосема нов дом.

Лаура Стојанова М-Нет