Спортски Карантински средби: Спортскиот пат на Блажо Петров од дете на Балканец до граѓанин на Австралија и Океанија

Потекнува од школото на Боречкиот клуб Балканец кога во далечната 1968 година го намирисува душекот кој понатаму кариера и живот ќе му значи. Блажо Петров отсекогаш бил прв од едноставна причина што неговата Мува категорија до 48 кгр. е почетната во борбите на Слободниот и Грчко – Римскиот стил на борење. Прва борба и секогаш зачинета со победа, поени за толку посакуваната самодоверба на преостанатите клубски колеги. А колеги на Блажо Петров во тие почетни години беа имиња кои едноставно беа страхо трепет за борачите во Македонија и ширум Југославија. Тогаш имаше и борачи и борби и навивачи со бројка од 500 до 1000 а понекогаш и повеќе. Во најмалите категории настапуваа Блажо Петров, Симеон Шутев, Киро Ристов за да го надополниме списокот со Димитар Мичо Цветанов, Добре Маринков, Стојан Ристов,Томе Атанасов, Санде Коцев, Ферати. Имаше уште но за нив во некоја друга прилика. Еден боречки меч а многу неизвесности, се бореше како што вели Блажо, прво во Слободен а веднаш потоа следуваа борби во Грчко – Римски стил. А нашиот Блажо Петров беше „доктор“ за Грчко – Римскиот стил. И во таа прва сезона 1969- 1970 г. во Првата Сојузна лига на Југославија ги искажа сите свои кавалитети и раскошен талент и остана непоразен. Настапите на струњачите по Југословенските простори будно ги следеа „емисарите“ на Гавриловиќ од Петриње. Или како што ќе рече Блажо,во своите редови го сакаа тренерот Владимир Секулиќ и Спортскиот Директор Мирко Космат. За тоа колку вредеше школата на Балканец сведочи податокот што покрај Блажо Петров во Петриње се преселија уште и Симеон Шутев и Драги Панов. Која ли само чест е тоа за градот Штип, за боречкиот клуб Балканец за Македонското борење. Тројца великани и врвни борачи заминуваат од шампионскиот Балканец кој пак покажува и докажува дека има уште свои таленти и врвни борачи.

Малата,но одбрана штипска колонија во Гавриловиќ се покажа со сиот свој квалитет кој го зачинија со врвни резултати и со повеќе шампионски титули. Блажо Петров го краси прекарот ТОНИ, кој според зборовите на уште еден шампионски бисер на Балканец Санде Коцев го добил по својата личоќа или убавина и неверојатната сличност со славниот глумец Тони Кетрис , карактеристика и надимак“ кој остана до ден денешен. ,,Деновите во Петриње се нешто незаборавно, бевме славни, популарни, навивачите силно не бодреа, не подржуваа, не сакаа, не почитуваа во град, едноставно дишеа за своите, борачи и за својот клуб,, – истакнува носталгично Блажо дополнувајќи ја својата констатација со одличните, идеалните услови за тренинг и за живот кои им ги овозможуваше раководството на Гавриловиќ. Таа спрега на „грлатите“ навивачи“ и херојските борби на борачите на Петриња му донесоа Југословенска па и Европска слава дарувајќи им 5 шампионски екипни титули во СФРЈ, а самиот Блажо Петров својата кариера ја круниса со 10 титули во неговата категорија во Грчко – Римски стил надополнети со 14 титули првак на Хрватска. Ова се Антологиски резултати и успеси со кои Блажо Петров се оддолжи на добрите луѓе кои во Петриње го прифатија како свое дете.

Поединечно Блажо Петров има освоено многу меѓународни награди и титули но најдрага му е победата против еден голем шампион – ,, Беше тоа на Купот Братство Единство на републиките на СФРЈ и средба Хрватска – Македонија, вели Блажо и продолжува „ Јас бев во состав на Хрватската репрезентација а за противник го имав Олимпискиот победник Шабан Трстена и оваа борба беше во мојот во Грчко – Римски стил. Селекторот Насе Насев и Шабан Трстена беа ептен самоуверени во победата која веруваа ќе се извојува брзо и лесно. Но, јас верував во моите квалитети , верував во мојата техника, душа давав на тренинзите, и мислев на моите обожаватели, имав голема подршка од колегите, тренерот и целиот Хрватски стручен штаб. Така и беше, јас го победив Шабан Трстена атрактивно и мошне убедливо со резултат 8:3 на поени.“

За жал суровата реалност, избивањето на војната на Југословенските простори беше крај на престојот на нашиот Блажо Петров во Хрватска и по цели 21 година со тешко срце мораше да се раздели од навивачите, симпатизерите, од колегите,раководсртвото со кој рсастеше се калеше и развиваше во вистински шампион. Патот во непознатото го носеше во Швајцарија, иако во еден период настапуваше и во Бундес лигата на Германија. За престојот во Швајцарија за новите боречки походи и за шампионската титула освоена на 44 годишна возраст како и крајот и на овој престој и нов пат во неизвесноста на Блажо Петров, ве поканувам на нова Карантин средба во текот на утрешниот ден.

Драги Герасимов – Пушка