Спасовски: Полициските службеници беа на висината на задачата за време на пандемијатa

Министерот Спасовски дециден дека во две години пандемија беа донесени правилни одлуки. Имено, како што рече тој, успеавме да пребродиме една од најголемите глобални закани по светот благодарение на издржани, квалитетни одлуки, мерки и активности. Според него, сите полициски службеници биле на висината на задачата, исто како и здравствените работници, инспекциските служби, цивилната заштита и граѓаните.

„Ја имав можноста, но и одговорноста, особено во почетокот на глобалната пандемија како претседател на Владата на Република Северна Македонија, а потоа и како министер за внатрешни работи многу одблиску и детално да имам увид во еден сериозен предизвик кој директно атакуваше на човековото здравје и живот“, истакна Спасовски.

Бројките покажуваат над 780.000 контроли на преку 210.000 лица што беа во изолација или самоизолација, а учествуваа и во околу 35.000 контроли на разни видови објекти, што покажува голем обем на работа и дејствување.

„Уште на самиот почеток на пандемијата стана очигледна потребата од смислен и прецизен меѓуинституционален одговор што во себе мора да ги обединува сите парцијални институционални активности, градејќи го мозаикот на општественото системско спротивставување и заштита. Тоа претпочиташе постоење точни импути – информации, согледувања, искуства – за да се дојде до точна и исцрпна базична анализа во која ќе бидат вкалкулирани и институционалните потенцијали и капацитети. Дури потоа врз основа на сето ова следеше одлуката за тоа кој и каков институционален и нормативен механизам ќе биде ставен во функција“, додаде министерот.

Ова Спасовски го истакна во своето видео обраќање на научната конференција „Промените, предизвиците и издржливоста на цивилната заштита за време на Ковид – 19“ во организација на Дирекција за заштита и спасување.

Ребека Спасова М-Нет