Спасовски: Границата со Република Бугарија најбезбедна, само пет лица се обиделе да ја поминат илегално

Границата со Бугарија е најбезбедна граница со само два регистритани слуачи за илегално минување на истата, потенцираше денеска од Штип, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Дециден е дека намален е процентот на илегално минување и на границата со јужниот сосед.

„Во првите 11 месеци од 2023 година на нашата Источна граница фрекфенцијата на патници е зголемена за 10.2% при што границата ја поминале 1.8 милиони патници безмалку подеднакво домашни и странски. Во однос на обиди за илегални преминувања границата со Република Бугарија важи за најбезбедна и најмирна граница со регистрирани само два обиди на илегално минување на границата од страна на пет лица во текот на првите 11 месеци.“ – вели Спасовски.

За 86.2%е намален бројот на откриени мигранти за разлика од претходната година. Рекорден број на настани се забележани во врска со пустошењето на шуми. Во 38 различни случаи одземени се околу 112 метри кубни дрвна маса.

„Во истиот овој период се откриени 57 настани со мигранти и илегално минување на државната граница во кои настани се откриени 206 илегални мигранти од кои во четири случаи стануваше збор за организирана група од страна на 54 лица, а против нив се поднесени соодветни пријави.“ – додава Спасовски.

Спасовски потенцираше дека безбедносната состојба и на подрачјето на СВР Штип но и на цела држава е мирна, стабилна и без индиции за нарушување.

Лаура Стојанова М-Нет