
Вистинска имунолошка бомба е спанаќот – состојка полна со витамини и минерали. Тој и периодов може да се најде по пазарите и маркетите, иако најчесто се препорачува да се јаде во пролет и лето. Производителите периодов го одгледуваат под фолија, а велат дека го има сѐ до февруари, па потоа се сади пролетната зелка. Фолна киселина, витамини А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум е дел од она што содржи спанаќот, па е одличен борец против разни болести.
„Добро е, да кажеме. По ајварскиот пипер, оранжериите ги сејам спанаќ, да не стојат така оти се покриени. Од фолија може 200 – 300 килограми спанаќ да има. По ајварскиот пипер се сее, а овојпат ајварскиот пипер заврши порано и за два месеца во оранжериите успева спанаќот. Го имам едно по друго сеено, може до февруари да се се собира“, вели производител.
Спанаќот може да биде од корист за здравјето на срцето, да помогне во спречување на рак, да биде борец против слабокрвност и намалување на нивото на крвен притисок. Го штити видот, а врши детоксикација на организмот. Ова се дел од придобивките за здравјето на луѓето.
„Овој вкусен лисјест зеленчук може да го забрза закрепнувањето по срцев удар, и тоа за една третина, додека во значителна мера го подобрува закрепнувањето по мозочен удар, како што покажуваат неодамнешните американски истражувања. Студиите на Универзитетот во Тексас покажале дека спанаќот содржи нитрат кој помага во ширењето на затворените и затнати артерии, што придонесува за подобро снабдување со кислород на срцето.
Анемијата е состојба во која крвта нема доволно здрави крвни зрнца, односно хемоглобин – протеинска молекула која го носи кислородот од белите дробови до ткивата. Железото е клучен минерал за здрава крв, а спанаќот е одличен борец против анемијата, бидејќи содржи 20% железо од потребните количини на дневно ниво.
Спанаќот е одличен извор на витаминот Ц и на калиум, но и на фолна киселина и железо. Зелената боја му ја должи на хлорофилот, кој е исклучително важен за детоксикација на организмот, бидејќи се смета за „чистач“ на црниот дроб и крвта. Исто така тој изобилува и со витаминот К, кој делува поволно на коските.“
Спанаќот е нискокалоричен и може да се јаде во неограничени количини. Здрави и свежи производи од пазар за исхрана полна зеленчук и овошје која претставува грижа за организмот и нашето здравје, препорачуваат лекарите.
Ребека Спасова М-Нет