
Проекти од областа на заштита, музеологија и галериска дејност се предвидени во годишниот план за тековната 2024 година на НУ Завод и музеј Штип. Со Буџет од три милиони денари ќе се реализираат проекти кои се од големо значење за оваа институција, а продолжуваати проеките започнати од претходно.
„И оваа година главниот акцент е конзервација на Археолошкиот локалитет Баргала и изготвување на проекти за конзервација на централната базилика и источниот бедем од Баргала. Продолжуваме и на конзерваторските истражувања и изготвување на проекти на Археолошкиот локалитет Билазора во Свети Николе. Оваа година ќе се истражува дел од храмот, еден објект со кружна форма“ – вели Штерјов.
Истражувања ќе има и на локалитети во Општина Карбинци, предвидена е изложба на првата медицинска сестра, како и проект за 80 годишнина од ослободувањето на град Штип. Од галериската дејност Штрејов посочува дека ќе се реализираат и неколку изложби во штипскиот Безистен.
„Интересни ќе бидат истражувањата и на могилата во Радање – тоа е локалитет кои се наоѓа меѓу Карбинци и Радање, тука се работеше некаде во 2013 година, оваа година има уште за работа. И имаме археолошки истражувања na Говедарски пат во село Црвулево оти таму се наоѓаат повеќе гробници. Ќе биде и тоа едно интересно истражување.“ – додава Штерјов.
Програмата која е поднесена од штипскиот Музеј, 99% е прифатена, вели Штерјов. И оваа година остануваат капиталните проекти како конзервација на твдрината Исар, Саат кулата и слично за кои се потребни поголеми средства.
Лаура Стојанова М-Нет