
Нов специјализиран душек доби БК Олимпија, донација од бугарската Амбасада. Душекот е со поголеми димензии од претходниот, а е со цел помош на децата- младите спортисти да напредуваат и да постигнуваат значајни резултати. Ова е уште една во низата донации од бугарската Амбасада за Штип и државата со цел развојот на децата и младите.
„Ова е континуирана донација во Штип, овојпат дониравме душек, специјален душек за борба со цел да и помогнеме на децата до 15 години, да можат да тренираат и во натпреварувањето да бидат на ниво. Ова не е прва донација во Штип, претходно дониравме и во детските градинки. Ова е дел од помош за развој на децата која ние како држава во Европската унија ја даваме на вашата држава, за да и помогнеме за развој. Во вашата држава помогаме за развојот на децата со аутизам“ – вели Ангелов.
Душекот е реална потреба за членовите на БК Олимпија велат од клубот. Додаваат дека на ваков начин имаат можност да третнираат и помладите и повозрасните членови и да се подготвуваат за разни натрпевари и високи резултати. Истовремено упатија искрена благодарност до бугарската Амбасада.

„Душекот ни беше доста потребен, бидејќи е нов и е доста поголем од претходниот. Сега кога ќе се спојат двата душека постарите челнови ќе тренираат на едниот, новите членови на другиот душек. Душекот е донација од бугарската Амбасада, голема благодарност до нив“ – вели Крстев.
Во меѓувреме продолжуваат тренинзите на членовите на БК Олимпија кои се подготвуваат за престајните турнири и натпревари.
Лаура Стојанова М-Нет