Со симболична вежба за гаснење пожар се одбележа 20 мај во Кочани

Пожар во зграда на четрвти спрат во централното градско подрачје во Кочани. Еден од повредените се наоѓа во станот, но пламените јазли не дозволуваат да го напушти местото на настанот. На лице место доаѓаат ТППЕ Кочани, за да дејствуваат и да интервенираат. Со ваква показа вежба и начин на интервенција се одбележа 20 мај денот на пожарникарите во Општина Кочани.

„Најпрво сакам да го честитам празникот на пожарникарите во целата држава. Денеска покажавме со оваа тактичко показна вежба една симулација на запален стан и спасување на лице од тој стан“ – кажа командирот на ТППЕ Кочани, Благој Паунов.

На настанот присуствуваше и градоначаникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој честитајќи им го празникот на пожарникарите воедно го презентираше и новото возило добиено како донација за интервенција на пожар во високатница.

На настанот се додели и награда за најдобар пожарникар.

Пожарникарите од ТППЕ Кочани, работно но и симболично го одбележаа нивниот ден, покажувајќи колку се значајни за општината и за регионот.

Лаура Стојанова М-Нет