Со свечена програма доделени Осмоноемвриската награда и Осмоноемвриските признанија во Штип

Со свечена програма во големата сала на Советот на Општина Штип денеска напладне се додели најголемата Осмоноемвриска награда и осмоноемвриските признанија. Истите беа врачени од страна на првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов. Доделени се и три осмоноемврски признанија постхумно. Добитник на Осмоноемвриската награда е математичарот Дамјан Дафков, а признанија добија Кристина Амепва и КПС „Лисец“. Постхумно признанија и се доделија и на Драган Ристов, Трајче Јованов и Горан Гаврилов.

За добитниците наградите и признанијата значат стимул за понатамошна работа, придонес и успех како за нив така и за целата општина.

„Чест ми е да ја добијам наградата Осми ноември, голема благодарност до Општина Штип и градоначалникот за оваа награда и се надевам дека во иднина ќе постигнам поголеми успеси“ – кажа Давков.

„Убаво е кога активист од градот и едно здружение кое работи и функционира во Општина Штип убаво е да биде препознаено од страна на општината, Советот и самиот градоначалник. Меѓутоа јас ќе кажам, бидејќи до сега не била истакната важноста на текстилните работници оваа моја награда ја посветувам токму на нив“ – истакна Ампева.

„Благодарност до Советот и до градоначалникот на Општина Штип што ја препозна вредноста и енергијата на Лисец и ја круниса со ова признание за заслуги. Ова за нас значи поттик за понатамошното работење на Лисец“ – кажа Санев.

Почетокот и крајот на настанот беа збогатени и со музички точки со што се одбележа 77 годишнината од ослободувањето на град Штип.

Лаура Стојанова М-Нет