
Претходни коморбидитети кај 35 годишното лице од Берово и 38 годишниот штипјанец биле пресудни за тие да ја загубат битката со корона вирусот во штипската болнца. Беровчанецот бил со даунов сидром и донесен во тешка состојба од Берово, три ден се лечел на штипското Инфективно одделение и ја загубило битката со невидливиот непријател. За разлика од него штипјанецот покажувал знаци за подобрување откако претходно бил амбулантски лечен, но последните неколку часа клиничката слика му била влошена со што настапила смрт.
„Пациентот што е 35 годишен од Берово со комобидитети придружна состојба Даунов сидром е дојде во тешка состојба уште од Берово, со кислородна поддршка и престојуваше три дена, меѓутоа секој ден имаше влошување на состојбата и за жал вчера настапи смрт. Пациентот од Штип го следевме прво амбулантски, првите четири дена со изразена висока фибрилност, потоа со лесен пад на сатурација поради што беше предложено и прифати болничко лекување и веднаш беше ставен на кислородна поддршка, но помали дози“ – кажа Шишкова.
Шишкова истакна дека моментално Инфективното одделение се полни со ковид пациенти, а загрижува фактот што повеќе од хосптализираните лица имаат потреба од кислородна подрршка.
Од болничко леување потреба имаат и се помлади лица што не беше случај во претходните ковид бранови.
Лаура Стојанова М-Нет