
Со свечена, пригодна манифестација денеска се одбележа патрон празникот на штипската гимназија,. Учесните и професорите заеднички ја подготвија програмата по повод 104 години од раѓањето на херојот „Славчо Стојменски“. Истовремено се презентираат активностите и успесите кои ги постигнаа средношколците во изминатата учебна година.
„Го одбележуваме патронот, 104 години од раѓањето на „Славчо Стојменски“. Денес во една пријатна и свечена атмосфера се собравме заеднички да му оддадеме почит не херојот, но и да ги кажеме нашите заложби и успесни од претходната година.“ – вели Ристева.
Над 100 награди на државни натпревари, учество во разни активности и настани, пригодно чествување на празници, уникатни реализирани идеи за Велигден, Осми Март и счично се само дел од активностите на учениците и наставниците измината година.
“Ние имаме над 100 награди од високи натпревари, ќе бидат презентирани сите ученички активности. Улествуваме и освоивме награда во собранието, посебно може да се издвои проектот кој го направивме за Шопов, велигденското јајце, осмомартовска честитка и слично“ – додава Ристова.
Празнувањето на патронатот на Славчо Стојменски завршува со хуманитарна акција која се спроведуваше изминатиот период. Се собираше облека која наредниот период ќе биде донирана.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет