
Достоинство, почит и национална гордост – денес Штип се поклони и пред ликот и делото на Тошо Арсов. Точно 82 години од неговата смрт, неговото име одекна во дворот на училиштето што гордо го носи неговото име во населбата 8 ми ноември. Учениците од ова училиште, заедно со директорката, наставниците и претставници од локалната самоуправа, положија цвеќе пред неговата спомен-биста, оддавајќи му тивка, но силна почит.
Директорката Анка Анѓелова за нашата телевизија вели дека учениците ќе продожат да му оддаваат почит и во иднина на нивниот великан. Таа е посебно среќна што учениците творат во негово име.
,,Посебно чест и задоволство ни е што нашето училиште го носи името на великанот Тошо Арсов, кој го дал својот живот за слободата која денеска ние ја живееме. Во чест за него, нашите ученици творат, раскажуваат, пеат и ќе продолжат да творат и раскажуваат оддавајќи му почит на великанот, кој го носи името на нашето училиште.“, рече Анѓелова
Инаку, денес почит на херојот Нехтенин оддадоа пак средношколците од СОУ Коле Нехтенин Шитп, кој со рецитал, покажаа дека и денес хероите живеат во нивните срца, а тие творат во чест на нивните имиња.
Иван Митев, М-Нет